Повеќето од Pluggable Transports, како obfs4, се потпираат на користење на „мостни / премостувачки“ релеа. Како обични Tor релеа, мостовите се водени од волонтери; за разлика од вообичаените релеа, но како и да е, тие не се излистани јавно, па пресретнувачот не може да ги идентификува лесно.

Користењето мостови во комбинација со pluggable transports помага да се прикрие фактот дека користите Tor, но може да го успори поврзувањето во споредба со обичните Tor релеа.

Други pluggable transports, како „meek“, користат различни анти-цензурни техники кои не се потпираат на мостови. Не треба да добиете мост адреса за ги користите транспортите.

ДОБИВАЊЕ АДРЕСИ ЗА МОСТ

Бидејќи адресите за мост не се јавни, вие самите ќе треба да ги побарате. Имате неколку опции:

  • Посетете https://bridges.torproject.org/ и следете ги инструкциите, или
  • Е-пошта bridges@torproject.org од Gmail, or Riseup е-поштенска адреса
  • Користете Moat за да преземете мостови внатре во Tor Browser.
  • Испрати порака на @GetBridgesBot на Telegram. Допрете на 'Start' или напишете /start or /bridges во четот. Копирајте ја адресата на мостот и на:
    • Tor Browser Desktop: Кликнете на "Поставки" во хамбургер менито (≡) и потоа на "Поврзување" во страничната лента. Во секцијата "Мостови", од опцијата "Внеси ја адресата за мост што веќе ја знаеш" кликнете на "Додади Мост Рачно" и внесете ја секоја адреса на мост во посебен ред.
    • Tor Browser Android: Допрете на 'Поставки' (⚙️) и потоа на 'Конфигурирај Мост'. Вклучете 'Користи Мост' и изберете 'Овозможи Мост кој го знам'. Внесете ја адресата на мостот.

КОРИСТЕЊЕ MOAT

Ако го стартувате Tor Browser за првпат, кликнете на "Конфигурирај Поврзување" за да ви се отвори Tor поставки прозорецот. Под "Мостови" секцијата, пронајдете го "Побарај Мост од torproject.org" и кликнете на "Побарај Мост..." за BridgeDB да овозможи мост. Решете ја Задачата и кликнете "Испрати". Кликнете "Поврзи" за да ги зачувате вашите поставки.

Или, ако имате стартуван Tor Browser, кликнете на "Поставки" во хамбургер мени (≡) а потоа на "Поврзување" во страничната лента. Во "Мостови" секцијата, пронајдете го "Побарај Мост од torproject.org" и кликнете на "Побарај Мост..." за BridgeDB да овозможи мост. Решете ја Задачата и кликнете на "Испрати". Вашите поставки автоматски ќе бидат зачувани еднаш кога ќе го затворите табот.

Побарај мост од torproject.org

Внесување мост адреси

Ако го стартувате Tor Browser за првпат, кликнете на "Конфигурирај Поврзување" за да ви се отвори Tor поставки прозорецот. Во "Мостови" секцијата, од опцијата "Внеси адреса на мост што веќе ја знаеш" кликнете на "Додади мост рачно" и внесете ја секоја адреса на мост во посебен ред. Кликнете "Поврзи" за да ги зачувате вашите поставки.

Или, ако имате стартуван Tor Browser, кликнете на "Поставки" во хамбургер мени (≡) а потоа на "Поврзување" во страничната лента. Во "Мостови" секцијата, од опцијата "Внеси адреса на мост што веќе ја знаеш" кликнете на "Додади мост рачно" и внесете ја секоја адреса на мост во посебен ред. Вашите поставки автоматски ќе бидат зачувани еднаш кога ќе го затворите табот.

Внеси адреси на мост рачно

Ако поврзувањето не успее, тогаш мостовите кои сте ги добиле може да се паднати т.е. да се надвор од функција. Користете еден од методите за да добиете повеќе мост адреси, и пробајте повторно.

BRIDGE-MOJI

Секоја адреса на мост е претставена од линија на емоционални карактери кои се наречени Мост-емотикони. Мост-емотиконите може да бидат користени за да се валидира дека избраниот мост бил додаден успешно.

Мост-емотикони се човечки-читливи идентификувачи на мост и не го претставуваат квалитетот на поврзувањето на Tor мрежата или состојбата на мостот. Линијата на емотикон карактерите не може да биде искористена како внес. Корисниците се потребни за да овозможат целосната адреса на мостот да биде во можност да се поврзе со мост.

Мост-емотикон

Адресата на мостот може да се сподели со користење на QR код или со копирање на целата адреса.

QR код на Мост