Onion услуги (порано познати како "скриени услуги") се услуги (како веб страни) кои се достапни само преку Tor мрежата.

Onion услугите нудат неколку предности во однос на вообичаените услуги на не-приватниот веб:

  • Локацијата на Onion услугите и IP адресите се скриени, што им прави потешкотии на противниците да ги цензурираат или да ги идентификуваат нивните оператори.
  • Целиот сообраќај помеѓу Tor Browser и onion услугите е од-крај-до-крај енкриптирано, па не треба да се грижите за поврзувањето преку HTTPS.
  • Адресата на onion услугата е автоматски генерирана, па операторите немаат потреба да купуваат домеин име; .onion URL исто така му помага на Tor да осигура дека се поврзува на точната локација и дека поврзувањето не се менува.

КАКО ДА ПРИСТАПИТЕ НА ONION УСЛУГА

Како и на секоја друга веб страна, треба да ја знаете адресата на onion услугата за да се поврзете со неа. Onion адресата е линија од 56 букви или броеви, проследени од ".onion".

Кога пристапувате на веб страна која користи onion услуга, Tor Browser ќе ви покаже во URL лентата икона за приказ на onion состојбата на вашето поврзување: безбедно и користење на onion услугата. Можете да научите повеќе за onion веб страната која ја посетувате со разгледување во Приказ на Круг.

Друг начин да научите за onion веб страната е ако администраторот на веб страната има имплементирано карактеристика наречена Onion-Локација. Onion-Локација е нестандардно HTTP заглавје кое веб страните можат да го користат за рекламирање на нивните onion пандан веб страни. Ако веб страна која ја посетувате има пристапна onion веб страна, виолетова предлог капсула ќе се појави во URL лентата во Tor Browser појавувајќи ".onion достапна". Кога ќе кликнете на ".onion достапна", веб страната ќе биде превчитана и пренасочена до нејзината onion пандан веб страна.

Onion-Локација

За да приоритизирате onion верзија на веб страна, можете да овозможите автоматско пренасочување кон Onion-Локација. Кликнете на хамбургер менито (≡), одете на Преферирања (или Опции на Windows) кликнете на Приватност & Безбедност, и во Onion Услуги секцијата побарајте за внес на "Преферирај .onion веб страни што ги знаеш." и проверете ја опцијата "Секогаш". Или, ако веќе ви е стартуван Tor Browser, можете да ја копирате и залепите линијата во нов таб: about:preferences#privacy и променете ја оваа поставка.

ONION SERVICE AUTHENTICATION

Автентикувана onion услуга е услуга како onion веб страна која бара клиентот да овозможи токен за автентификација пред да и пристапи на услугата. Како Tor корисник, можете да се автентификувате директно во Tor Browser. Во насока на пристап до оваа услуга, ќе ви бидат потребни пристапни акредитиви од операторот на onion услугата. Кога пристапувате на автентификувана onion услуга, Tor Browser ќе покаже во URL лентата икона со мал сив клуч, придружен со совет. Внесете го вашиот валиден приватен клуч во полето за внес.

Автентификација на Клиент

ГРЕШКИ НА ONION УСЛУГИТЕ

Ако не можете да се поврзете на onion веб страна, Tor Browser ќе овозможи специфична порака за грешка информирајќи зошто веб страната е недостапна. Грешките можат да се случат на различни слоеви: грешки на клиентот, грешки на мрежата или грешки на услугата. Некои од овие грешки можат да бидат поправени со следново од Справување со Проблеми секцијата. Таблата подолу ги покажува сите можни грешки и која акција треба да ја преземете за да го решите проблемот.

Код Наслов на грешката Краток опис
0xF0 Onion веб страната не е пронајдена Најверојатна причина за тоа е дека onion веб страната е офлајн. Контактирајте го администраторот на onion веб страната.
0xF1 Onion веб страната е недостапна Onion веб страната е недостапна поради внатрешна грешка.
0xF2 Onion веб страната се исклучи Најверојатна причина за тоа е дека onion веб страната е офлајн. Контактирајте го администраторот на onion веб страната.
0xF3 Не може да се поврзе со Onion веб страната Onion веб страната е зафатена или Tor мрежата е преоптоварена. Обидете се повторно подоцна.
0xF4 Onion веб страната бара автентикација Пристапот до onion веб страната бара клуч но ниту еден не е овозможен.
0xF5 Автентикацијата на onion веб страната не успеа Овозможениот клуч е неточен или бил отповикан. Контактирајте го вашиот администратор на onion веб страната.
0xF6 Невалидна адреса на onion веб страна Овозможената адреса на onion веб страната е невалидна. Ве молиме проверете дали сте ја внеле точно.
0xF7 Создавањето на кругот за onion веб страната истече Не успеа да се поврзе на onion веб страната, можно поради слабо мрежно поврзување.

СПРАВУВАЊЕ СО ПРОБЛЕМИ

Ако не можете да дојдете до onion услугата што ја барате, бидете сигурни дека сте ја внеле onion адресата точно: дури и мала грешка ќе го спречи Tor Browser да биде во можност да дојде до веб страната.

Ако сеуште не можете да се поврзете со onion услугата после верификувањето на адресата, ве молиме обидете се повторно подоцна. Можеби има проблем со временото поврзување или операторите на веб страната ја исклучиле без да предупредат за тоа.

Ако onion услугата на која се обидувате да и пристапите се содржи од линија од 16 characters (V2 формат), овој тип на адреса е напуштен.

Исто така можете да тестирате дали сте во можност да им пристапите на други onion услуги со поврзување на DuckDuckGo Onion Услугата.